404
Осумдневен притвор одреди судија на претходна постапка за ексвработениот во Централниот регистар, Емил Јакимовски кој се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска.
Притворот е определен поради опасност од бегство, но и можност за повторување на делото.
Јакимовски е осомничен за делата загрозување на сигурноста од член при вршење семејно насилство, загрозување на сигурноста по пат на информатички систем и неизвршување на судска одлука од член 377 став 5.
Јакимовски вчера беше приведен поради семејно насилство, а во последниов период им се закануваше и ги навредуваше новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска.