Одреден притвор за девојчето кое со нож нападна две лица во училиштето „Руѓер Бошковиќ“

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

На девојчето (15) кое на 4 мај во училиштето „Руѓер Бошковиќ“ им нанело физички повреди на врсник и наставник (45), му е одредена мерка притвор, дознава „Танјуг“.

Таа вчера била пуштена од психијатриската установа каде била сместена, по што била однесена пред судијата за малолетници во Вишиот суд во Белград.

Ѝ бил одреден притвор поради околности кои укажуваат дека за краток временски период би го повторила делото.

Девојчето е осомничено за кривичното дело обид за убиство.

Како што пренесуваат српските медиуми, таа и претходно имала психички проблеми, а пред неколку месеци била исфрлена од споменатото училиште.

Момчето и наставничката се здобиле со полесни повреди и двајцата веднаш биле хоспитализирани во соодветни установи.

Слични содржини