Одри Хепберн никогаш не била на диета, а за појадок јадела тост и џем

од desk2
180 прегледи

 

Една од најубавите холивудски актерки Одри Хепберн позната по филмот „Појадок кај Тифани“ и 26 години по смртта е една од иконите за стил.

Таа прва го популаризира малиот црн фустан. Таа беше висока 170 см, а имаше 50-тина килограми, а она што е интересно е дека никогаш не држела диета, пишува Reader’s Digest.

Иако многумина веруваат дека имала некое наружување поврзано со исхраната, тоа не е точно.

Нејзината тајна е здрав начин на живот. Во интервју за People нејзиниот син Лка Доти вели дека таа никогаш не била на диета.

„Мама многу сакаше италијанска храна и тестенини. И јадеше по малку од се, но повеќе житарки од месо“, вели Лука.

Нејзиниот партнер Роберт Волдерс со кој актерката живееше 13 години откри некои нејзини прехранбени навики.

„Одри за појадок јадеше тост и џем, за ручек телешко, пилешко или тестенини, а за вечера супа ос зеленчук и месо. По вечерата ќе изедеше неколку коцки црно чоколадо и ќе испиеше малку виски“, вели тој.

Таа вежбала, но ништо претерано, а сакала да шета.Освен тоа имала и брз метаболизам.