Одржана А5- Конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации

од desk4
235 прегледи

Денеска беше организирана Конференција за Стратешки комуникации со наслов „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија”. Оваа конференција беше одржана од стана на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Конференцијата започнa со воведни обраќања на државниот секретар во министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје.

На Конференцијата која имаше три тематски сесии, учествуваа американскиот експерт Енди Карвин, претставник од НАТО Одделот за јавна дипломатија, како и голем број на домашни експерти, претставници на земјите членки и набљудувачи на САД- Јадранската Повелба, медиумските организаци и граѓанското општество. На Конференцијата беше дебатирано за најдобрите практики за справување со хибридните закани и дезинформациите, а големо внимание се даде на медиумската писменост како една од алатките која низ образовниот систем придонесува кон изградба на едно општество со граѓани кои се способни критички да размислуваат, да ги анализираат и проценуваат информациите што им се сервираат и на тој начин да ја зајакнат демократската отпорност на општеството кон различни малигни влијанија.

Северна Македонија во јануари 2023 година го презема претседавањето со САД Јадранската Повелба, во година кога се одбележува дваесет годишнината од нејзиното потпишување.

Во јануари 2023 година, Северна Македонија го презеде претседавањето со САД Јадранската Повелба на 20-годишнината од неговото потпишување.