Одзел поголема сума на пари: Измамник ветувал обезбедување на разни дозволи

од Берта Китинска

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Б.Р.(27) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, во периодот од 26.03.2021 до 02.04.2021, лажно се претставувал и ветувал на три лица обезбедување на разни дозволи. Во наведениот период во четири наврати пријавениот им земал вкупно 37.000 денари и 600 евра за ветената услуга, велат од полицијата.

Слични содржини