Одземена возачката на Норвежанка оти не ја изгребала шофершајбната од мраз

од desk2
81 прегледи

Жена во Тромсо, Норвешка остана без возачка дозвола затоа што не го изгребала мразот од шофершајбната, со што и била намалена видливоста на патот.

Полицијата од градот на твитер пушти фотографија од предниот прозорец на авотмобилот на жената како предупредување за другите возачи.

„Во овој случај, полициската патрола сметала дека прекршокот е толку опасен што и ја одзеле возачката. Таа беше опасност за сообраќајот“, велат од полицијата.

Дугите возачи се замолени да ги изгребат прозорците на автомобилот од мраз, за да овозможат видливост на патот.