Официјално: Челси има нови сопственици, Абрамович го продаде лондонскиот клуб за 2.900.000.000 евра!

од Vladimir Zorba

Лондонскиот клуб потврди дека е постигнат договор со американскиот конзорциум предводен од Тод Боли, „Клирлејк Капитал“, Марк Болтер и Хансјорг Вајс.

„Од вкупната направена инвестиција, 2,9 милијарди евра ќе бидат искористени за купување акции во клубот, а тој приход ќе биде депониран на замрзната банкарска сметка во Велика Британија со намера 100% да се донира во добротворни цели“, соопштија од Челси.

Да потсетиме, Абрамович лично побарал парите од продажбата на клубот да бидат донирани во хуманитарни цели.

„За пренос на приходот од проблематичната банкарска сметка ќе биде потребно одобрение од владата на Обединетото Кралство“, се посочува во соопштението.

Се наведува и дека новите сопственици ќе треба да вложат околу две милијарди евра во клубот.

„Новите сопственици ќе инвестираат 1,75 милијарди фунти во понатамошни инвестиции во корист на Челси. Ова ги вклучува инвестициите во стадионот „Стемфорд Бриџ“, Академијата, женскиот тим и „Кингсмедоу“ и континуирано финансирање во Фондацијата Челси“, се додава во соопштението.

Слични содржини