Официјално: Изгласаа бесполово обраќање кон транссексуалци

од desk3
102 прегледи

Градскиот совет на Оксфорд го усвои воведувањето на неутрален термин за одредување на полот. Заедно до традиционалните г-дин (Mr), г-ѓа (Mrs) и г-ца (Miss) се стави ново обраќање Mx што сеуште нема македонски еквивалент. Тоа e единствената опција на транссексуалците, кај кои половиот идентитет се разликува од припишаниот пол, да ја изразат индивидуалноста. Некои сметаат дека Mx доаѓа од зборот мешан која на англиски е mixed. Тоа сепак не е така.

1471497585-12

 

Традиционално во англискиот јазик обраќањето кон господин или госпоѓа започнува со голема буква М, а x ги заменува половите карактеристики на личноста. Како што сите знаат, со “x” во математиката се означува непознатото.

Сега тоа значење е пренесено и во секојдневната комуникација. Обраќањето веќе се користи во официјалните документи во Оксфорд. Во 2015 година обраќањето Mx се шири во многу од државните институции на островот, вклучувајќи и во агенциите одговорни за издавање на пасоши и возачки дозволи.

Со обраќањето Mx дури можете да испраќате пораки до кралицата на Англија.