Ограбена обложувалница во Куманово

од Nikola Popovski

МВР информира две лица ограбиле и нападнале вработен во спортска обложувалница во центарот на Куманово.

-Вчера во 21:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 21:10 часот во спортска обложувалница на улица „Народна Револуција“ во Куманово две лица со остар предмет го нападнале вработениот В.Р.(36) од Куманово и одзеле пари. Тој се здобил со повреди и бил пренесен во општа болница Куманово за укажување лекарска помош, соопштија од полицијата.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини