Ограбена родната куќа на Тома Здравковиќ: Разбојници уништиле имот и направиле голема материјална штета

од Vladimir Zorba

Пред новогодишната ноќ ограбена е родната куќа на Тома и Новица Здравковиќ во селото Печењевце кај Лесковац.

Во пресрет на Нова година непознати сторители ја искорнале влезната капија, која потоа ја фрлиле во кал, пишува Телеграф.

Исто така, во оваа прилика го оштетиле и хидрофорот на бунарот, како и влезната врата од куќата.

Да потсетиме, минатата година почна реновирањето на куќата на Тома во селото Печеневце во Лесковачко. Куќата била во лоша состојба, кога мештаните презеле иницијатива да го зачуваат овој објект и да спречат рушење на покривот. И по завршувањето на работите мештаните се надеваат дека започнатото ќе биде готово во текот на следната година.

Градот Печењевце и куќата на Том Здравковиќ станаа атракција на овие простори.

Слични содржини