Ограбени домовите на тројца играчи на Лион за време на синоќашниот дуел со Барселона

од desk2
88 прегледи

Лион синоќа во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите одигра 0:0 против Барселона на домашен терен, а во тој период ограбени се домовите на тројца играчи на францускиот клуб.

Помеѓу тројцата играчи кои се ограбени, влегува и најголемата ѕвезда на тимот – Мемфис Депај.

На Депај ова му се случи и минатата година, кога додека тој го играше натпреварот против Ница му беа украдени работи во вредност поголема од милион евра.

Сега е соопштено дека на Депај му се украдени модни додатоци, но француската полиција не ја откри вредноста на украдената роба, пренесуваат тамошните медиуми.

Покрај домот на Депај, ограбени се и домовите на играчите Лукас Тусарт и Папе Шеик Диоп.

На Тусарт од домот му е украдена торба со мултимедиумска опрема, додека на Диоп му бил украден вреден накит, како и дизајнерска облека.