259
Две украински државјанки биле ограбени во стан во Скопје, стои во полицискиот билтен на МВР.
На 06.02.2024 околу 21:00 часот во СВР Скопје, И.Р.(39) и Т.Л(35), двете од Украина со престој во Скопје, пријавиле дека во домот во кој престојувале на подрачје на Центар две лица со употреба на физичка сила и закана им одзеле пари, мобилни телефони и други предмети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.