ОЈО бара 30-дневен притвор за екс министерот за економија Бектеши

од Даниел Ѓорѓиевски
119 прегледи

Јавното обвинителство побара 30-дневен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, како и за други високи функционери од Министерството за економија, дознаваат извори од истрагата.

Меѓу оние за кои е поднесено барање за притвор се и државната секретарка Размена Чекиќ Дурловиќ и раководителот Беким Хаџиу.

Ова се првите лица за кои официјално се отвора истрага и се бара притвор, од пошироката група која засега брои над 20 осомничени.

Претходно, ваква мерка беше побарана само за седуммина полициски службеници, осомничени во истиот случај.

Слични содржини