„ Доколку биде примена, истата ќе биде распоредена кај надлежен јавен обвинител. Основното јавно обвинителство Штип ја известува јавноста дека во постапката против осомничениот се постапува целосно согласно закон, а истрагата е во финална фаза. Надлежниот јавен обвинител не подлегнува на притисоци и испрати покана до осомничениот тој да даде исказ во своја одбрана, меѓутоа поканата е вратена со забелешка дека тој се иселил од адресата наведена за лицето во полномошното и во системот на МВР“, се наведува во соопштението.