ОЈО поднесе обвинителен акт и против последниот осомничен за убиството на Саздо

Денес, од ОЈО информираа дека е поднесено обвинение и против последниот осомничен за убиството на Никола Саздовски- Саздо, кој во септември оваа година беше екстрадиран од Германија.

По екстрадацијата, 21-годишниот Ј.Љ се наоѓа во притвор, па така денес ОЈО против него поднесе обвинителен акт за сторено кривично дело убиство, од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

Во обвинителниот акт се посочува дека тој заедно со уште две лица за кои веќе е донесена правосилна пресуда, на 29.06.2018. година на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски. Тие му пришле на автобуската постојка на булеварот „Александар Македонски“, по што му побарале лична карта. Откако истата им ја покажал, тие го нападнале. По нападот, Саздовски паднал во коматозна сотојба, а како резултат на тешките нанесени повреди, починал на 09.07.2018. година на Одделението за анестезија и реанимација на Клиниката за трауматологија.

Со Обвинителниот акт јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да влијае врз сведоците, информираат од Обвинителството.

Слични содржини