ОЈО во текот на денот очекува кривични од МВР за насилството во М-НАВ

од Nikola Popovski
358 прегледи

Основното јавно обвинителство чека кривични пријави од Министерството за внатрешни работи околу вчерашниот инцидент и упад во објектот на контролата на летање на скопскиот меѓународен аеродром и нападот врз вработените, меѓу кои и контролори на летање кои во тој момент ја извршувале својата работа во обезбедување на безбеден воздушен сообраќај.

-Во моментот се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста, соопштија од ОЈО.

Синдикатот на контролори на летање најави штрајк со затворање на воздушниот простор од 10-ти јануари доколку тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши како што беше најавено синоќа по нападот на контролори на летање во зградата на оваа институција. По вчерашниот инцидент таму е распоредено полициско обезбедување.

Полиција уапси четири лица кои синоќа биле во полициска станица, а се трага уште по четворица.

Неофицијално, претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, кој истовремено е вработен во М-НАВ е еден од пријавените дека учествувал во тепањето.

Слични содржини