Околу 10.000 луѓе протестираа во Атина поради железничката несреќа: Демонстрантите се судрија со полицијата, пет лица се уапсени

од Vladimir Zorba

Во Атина денеска на плоштадот Синтагма се одржа протестен митинг и марш на кој учествуваа околу 10.000 луѓе, поради железничката несреќа во Лариса во која загинаа најмалку 57 лица.

Полицијата уапси пет лица за насилство врз припадници на безбедносните сили, пренесе „Катимерини“.

Како што пренесува порталот, полицијата соопшти дека група од повеќе од 200 лица на маргините на протестот фрлале со камења и молотови коктели кон полицијата, при што биле повредени седуммина полицајци кои биле префрлени во општата воена болница во Атина.

Слични содржини