Околу 11.000 луѓе се евакуирани од регионот на Харков

од Milan1

Речиси 11.000 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови во регионот Харков во североисточна Украина откако руските сили започнаа копнена офанзива во пограничната област, изјави гувернерот Олег Синегубов. „Вкупно 10.980 луѓе се евакуирани“, објави гувернерот на регионот Харков на Телеграм.

Илјадници луѓе ги напуштија своите домови додека руската армија зазеде неколку погранични села на почетокот на ненадејната офанзива на 10 мај во правец на Липци и Вовчанск, принудувајќи го Киев да носи засилување.

Продолжуваат борбите во регионот Вовчанск, град кој пред војната имал околу 18.000 жители и се наоѓал на само пет километри од границата, соопшти Генералштабот на украинската армија, се вели во соопштението.

Украина постигнува „опипливи резултати“ наспроти руската офанзива во овој регион, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно оваа недела.

Слични содржини