206
Терористичкиот напад во Истанбул, во кој најмалку шест лица загинаа, а 81 беа повредени, го извршила жена, соопшти вечерва турскиот потпретседател Фуат Октај.
„Бомбата ја активирала жена“, рекол Октај, пренесува ТАСС.
Експлозијата се случила во попладневните часови на прометната пешачка улица Истиклал во Истанбул.