Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд оцени дека исходот на војната во Украина ќе зависи од резултатите на претседателските избори во САД во 2024 година.
„Доколку Трамп биде избран, ќе рече, застануваме тука; што и да имаат Русите можат да задржат. Војната чини премногу“, рече Оланд во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Според него, она што се сменило откако тој е на власт е тоа што обликот на новиот геополитички поредок станал појасен, при што оската Русија-Кина се консолидира и го предизвикува Западот.