Олигарси се здружиле против ДУИ, им сметала нивната моќ, кажа Груби

од Vladimir Zorba
609 прегледи

„Петмина олигарси креирале економско-политички центар против ДУИ, олигарски кои преку приватизацијата стекнаа огромно богатство“, изјави првиот заменик премиер Артан Груби за РТВ21 во Приштина, Косово.

Груби смета дека на тие луѓе им пречи моќта на ДУИ, а со тоа и економската и политичката моќ која ја добиваат Албанците во Северна Македонија.

„Им пречи што се гради коридорот 8, проект од 1,5 милијарди евра, им пречи патот на Арбер, им пречи факторизирањето на Албанците во Македонија. На нив им пречи тоа што во земјата владее ДУИ, владее Артан Груби, владее Али Ахмети“, рече Груби.

Според него, целта на оваа група на луѓе е да го сопрат ова владеење и да овмозможат заедничко владеење на двете партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да се тргнат Албанците на страна, или да најдат некој Албанец кој ќе им направи „ќеф“.

Слични содржини