Оливер Стоун ја укори новинарката која зела интервју од Путин

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Водителката на американскиот телеканал Ен Би Си Меган Кели, која го направи интервјуто со рускиот претседател Владимир Путин, воопшто не се подготвила како што треба. Такво мислење изрази американскиот режисер Оливер Стоун во средата.Како што јави самата телевизија Стоун изјавил дека “тој (претседателот на Русија) ја познавал материјата, а таа (Кели) – не”.

По оценка на режисерот, водителката “пукала како митралез” и на тој начин ги покажала недостатоците на современото американско новинарство, лишена од внимание за деталите.

“Мислам дека таа изгледаше привлечно и поставуваше провокативни прашања, но не беше способна да одржува спор или да се спротивстави, бидејќи не беше свесна за многу работи”, истакна Стоун.

Стоун го анализираше интервјуто на американската новинарка што беше емитувано во неделата. Во него Путин засегна прашања за руско-американските односи и одговори на прашања поврзани со сомнежите  во САД, за руска интервенција во американските претседателски избори.

Терминот во кој беше емитувано интервјуто обележа рекорден рејтинг за медиумот од март наваму со 6.1 милион гледачи.

Локално потсетува дека самиот Стоун одржа серија интервјуа со рускиот шеф на државата, кои ги обедини во четиричасовен документарен филм “Интервју со Путин”.

Тој ќе биде прикажан во САД во периодот 12-15 јуни за кабелската телевизија “Шоутајм”, која е дел од медиумската група CBS – една од најголемите во САД.

Фрагменти од него веќе истекоа и стана јасно дека освен разговори за односите меѓу САД и Русија, производството покажува како Путин тренира на кросфит, како игра хокеј и го храни со моркови сопствениот коњ, именуван по името на холандскиот физичар Јоханес Дидерик ван дер Ваалс .