Високо заразниот вид „омикрон“ создава помалку опасен тек на Ковид од глобално доминантниот вид „делта“, но не треба да се карактеризира како „благ“, објавија денеска лидерите на Светската здравствена организација (СЗО).
Шефот на клиничкиот менаџмент на СЗО, Џенет Дијаз, рече дека претходните студии покажале дека постои намален ризик од хоспитализација поради „омикрон“, во споредба со „делтата“, објави Ројтерс.
„Опасноста е помала и за младите и за постарите“, додаде Дијаз на прес-конференцијата во седиштето на СЗО во Женева.
Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, рече дека сојот „омикрон“ не треба да се смета за „благ“ бидејќи ширум светот паѓаат негативни рекорди, здравствените системи се преплавени и владите се обидуваат да го „скротат“ вирусот, кој досега уби повеќе од 5,8 милиони пациенти.
Друг вид, означен како „IHU“, првпат регистриран во 2021 година, исто така е сој што го следи СЗО, но тој не циркулира низ светот, додаде техничкиот директор на СЗО, Марија ван Керхове.