Омикрон се поблиску до Македонија, ќе има ли нови мерки?

од Берта Китинска
274 прегледи

Новиот сој на ковид 19, омикрон веќе е регистрирна во Словенија, Грција, Хрватска, Црна Гора.Надлежните велат дека досега во земјава не е регистрирна случај со омиркон и дека најголем дел од заразените се со делата сојот.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека засега нема потреба од нови рестриктивни мерки.

-Потребно е само почитување на веќе постоечките протоколи, вели министер за здравство Венко Филипче.Епидемиолошката состојба е прилично мирна, има намалување на бројот на новозаразени, а се намалува и бројот на хоспитализирани во болниците. Но треба да се почитуваат важечките протоколи и за време на празниците граѓаните да избегнуваат големи групирања во затворени простори за да не дојде до влошување на состојбата, изјави Филипче.

Досега во земјата се направени вкупно 1.515.236 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи изнесува 5.437.

Слични содржини