ОМИКРОН се шири, 60 отсто од новите инфекции во Мадрид се со новиот СОЈ

од Берта Китинска

Омикрон претставува дури 60 отсто од новите инфекции во Мадрид, изјави во петокот регионалниот министер за здравство Енрике Руиз Ескудеро.

„Засега гледаме дека оваа варијанта е многу позаразна од варијантата делта, но се чини дека случаите се поблаги бидејќи 80 отсто од нашето население е вакцинирано“, рече Ескудеро.

„Ни претстојат неколку комплицирани недели поради новата варијанта“, изјави премиерката на Мадридскиот регион, Изабел Ајусо, додавајќи дека зголемувањето на бројот на заболени ќе има влијание врз примарната здравствена заштита.

Поради тоа се зголемува бројот на лекари во овој здравствен сектор, а не се планира воведување нови мерки на ограничувања за празници.

Кога станува збор за другите региони на Шпанија, во Каталонија омикрон претставува петтина од инфекциите. Затоа се воведени нови мерки, па од понеделник секој што бил во близок контакт со позитивно лице ќе мора да оди во изолација десет дена, без разлика дали биле вакцинирани или не.

Судот во Андалузија во петокот му даде зелено светло на регионот да започне да бара вакцинирање или негативни тестови на Ковид-19 за влез во барови, ресторани, како и во рекреативни објекти.

Во Шпанија, случаите на ковид-19 се зголемени во последните недели, со помалку хоспитализирани и смртни случаи отколку во претходните пандемични бранови, благодарение на вакцините.

Слични содржини