Комисијата за заразни болести на редовниот состанок одново ќе ја разгледува потребата од кратење на времето за самоизолација за асимптопамтските случаи од 10 на 7 дена.
„На состанокот Комисијата за заразни болести ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата,“ се наведува во соопштението на министерството за здравство.
Дополнително новиот сој Омикрон кој зема замав и вртоглаво го зголемува бројот на заразени тоа го покажува и анализата на Институтот за јавно здравје. Таму се секвенционирани 152 примерока на Сарс-Ков 2 и од нив кај 68 проценти е детектирана токму оваа варијанта. Заразени со омикрон има во Скопје, Охрид, Кочани, Тетово, Велес, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Виница, Неготино и во Битола.
Новиот сој го заобиколува имунитетот стекнат од прележување – во периодот од 3 јануари до 9 јануари пријавени се дури 946 реинфекции, што претставува зголемување за седум пати, споредено со претходната недела.
Најмногу се разболуваат младите, оние од 20 до 30 и меѓу 30 и 40 години, а најмалку децата до девет години.
Досега во земјата се направени вкупно 1.672.767 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.