ОН: Повеќе од осум милиони бегалци од Украина пристигнале во европските земји

од Stefanija Kuzmanovska

Вкупно 8.249.055 бегалци од Украина пристигнале во европските земји, вклучително и Русија, откако официјална Москва ја започна својата специјална воена операција, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации.

Според податоците на Обединетите нации, само во изминатата недела бројот на бегалци се зголемил за 8.766, пренесува ТАСС.

Обединетите нации соопштија дека од 24 февруари минатата година до 23 мај годинава дури 2.852.395 лица побарале засолниште во Русија.

Слични содржини