ОН: Во засолништата во Газа има повеќе од 137.000 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) објави дека во нејзините засолништа во Газа се сместени повеќе од 137.000 луѓе кои се засолниле поради израелските напади.

Агенцијата објави дека 83 училишта се претворени во засолништа, пренесува Си-Ен-Ен.

Се наведува дека едно училиште на ОН во кое се сместени раселени семејства било „директно погодено“, но не се наведени дополнителни детали.

Слични содржини