Објавата на сензационалните резултати на новата имунотерапија во лечење на рак на крвта на американскиот онколог Стенли Ридли предизвика голем интерес кај светската јавност, поради можноста која ја отвора лечењето на хематолошки тумори, но експертите истакнуваат дека до секојдневна примена на терапија на генетски променети Т-клетки во тие пациенти, се уште е долг.

images (1)

Ридли, имунилог и онколог од Центарот за истражување на рак во Сиетл, на годишниот собир на Американскиот сојуз за развој на науките (AAAS) во Вашингтон со колегите ги сподели „резултатите без преседан‟ во борба против рак на крвта со терапија со генетски променети Т-клетки.

Меѓутоа, Вашингтон пост пишува дека е премногу рано да се мисли дека се работи за револуција во лечење на ракот. Истакнуваат дека примерокот е релативно мал, а студијата на Ридли и неговите колеги се уште не е објавена, што значи дека не ја виделе научниците кои не учествувале во неа, пренесе Хина.

Исто така, предупредуваат дека седум пациенти ја искусиле тешката реакција на имунолошкиот систем и завршиле на интензивна нега, а двајца починале. Тие ризици се најголема пречка која имунотерапијата мора да ги надмине. Ридли се надева дека тоа може да се постигне со намалување на дозата, но дури и во тој случај се уште е далеку од тоа да може да се прогласи за лек против рак. До сега терапијата била користена само за рак на крвта, не и за солидни тумори, наведува Вашингтон пост.

Директорот на Заводот за хематологија на Клиниката за внатрешни болести КБЦ Загреб Дамир Немет се согласува дека до примена на Т-лимфоцити при секојдневна терапија кај пациенти со хематолошки тумори, патот се уште е долг, но истакнува дека се работи за голем напредок кој се покажал многу ефикасен, па верува дека сигурно ќе има важно влијание на тие пациенти во иднина.

„Предноста е голема бидејќи се работи за целна терапија која ги погодува туморозните клетки. За сега се прават тестирања на мали групи на пациенти во последниот стадиум на болеста, опфатени со клинички испитувања, кои се резистентни на други лекови, па тоа што терапијата ќе делува дури и на нив, претставува навистина спектакуларни резултати‟ – вели Немет.

Но, терапијата истовремено е и токсична па кај некои пациенти се јавуваат сериозни нуспојави опасни по живот. Се работи за ослободување на т.н. циткоин, кој може да предизвика големи промени како висока температура и пад на крвниот притисок, како и синдром на лиза тумори, кој настанува со распаѓање на туморозните клетки. Поради тоа сега се работи на тоа тие нуспојави да се спречат со други лекови, вели Немет.

Тој истакна дека лечењето со Т-лимфоцити за сега се применува кај туморите во крвта, како леукемија, лимфома и меломи, бидејќи туморозните клетки се „подостапни‟ отколку кај солидните тумори, како што се на пример рак на дојката и рак на дебелото црево, кај кои туморозните клетки се наоѓаат во ткивата. Ридли и неговите колеги со години работат на имунотерапијата. Додека хемотерапијата директно ги напаѓа туморите и канцерогените клетки и попатно предизвикуваат голема штета на околните здрави клетки, со имунотерапијата се обидуваат да постигнат имунолошкиот систем сам да се бори против клетките на рак, како што се бори со бактериите и вирусите.

Клетките на рак се прилагодуваат или се кријат од имунолошкиот систем па научниците мора да најдат начин како да го поттикнат системот на делување и во такви околности.

Ридли тврди дека неговата терапија со Т-клетките (видови на лимфоцити) постигнува одлични резултати. Во процесот лекарите на пациентите им зимаат Т-клетки па генетски ги модифицираат и потоа ги враќаат со посебна задача да се нападнат клетките на рак. Потоа на тие клетки им се дозволува тие да се мултиплицираат, што на имунолошкиот систем даваат „супер набој‟ за борба со ракот. Во теоријата, тие клетки треба да продолжат да го штитат телото од канцерогена инвазија долго по почетниот третман.

Податоците кои Ридли ги изнесува се импресивни, па така во една студија терапијата наводно ги елиминирала сите симптоми кај 33 од 35 пациенти со акутна лимфобластична леукемија. Повеќе од половина пациенти со лимфома (околу 40 колку што учествувале во студијата) влегле во целосна ремисија, т.е. кај нив исчезнале симптомите на болеста. Сите тие пациенти биле терминално болни.

Дури ниту возбудените научници кои учествувале во студијата не мислат дека нашле лек за рак. Тие се надеваат дека имунотерапијата ќе се сврсти меѓу стандардните методи за лечење на рак, покрај бок хемотерапијата, зрачењето и хирургијата.

Како и кај хемотерапијата и радиотерапијата, имунолошката терапија нема да ги спаси сите, рече Ридли, но мислам дека со тоа имунотерапијата конечно се вброи меѓу столбовите за лечење на ракот, наведува Хина.

Слични содржини