Онлајн купувањата со смартфони го изместуваат традиционалниот божиќен пазар

од Vladimir Zorba

Смартфоните веќе не се само популарен подарок под елката, туку сè почесто во последните години служат за онлајн нарачки на подароци. Овој тренд се потврдува со првите пазарни статистики од долгиот викенд на Денот на благодарноста, кој го забележува пикот на продажба на крајот на годината во САД, благодарение на намалувањата. 5182631Тие почнуваат традиционално со “црниот петок” и продолжуваат со онлајн бутиците во понеделникот ( “Cyber Monday”).

Овогодинешниот “црн петок” влезе во историјата како првиот ден во кој се регистрирани онлајн продажби на мобилни уреди за повеќе од 1 милијарда долари. Тоа го проценуваат аналитичарите од “Adobe Digital Insights”.

Американците потрошија во петокот 1.2 милијарди долари од своите паметни телефони и таблети. Тоа е раст од 33% во однос на минатата година. Овие купувања од мобилни уреди придонеле за првпат да се мине бариерата од 3 милијарди долари за еден ден.

Се очекува овој рекорд да биде надминат од понеделничката продажба, за кои Adobe предвидува 3.36 милијарди долари кои ќе бидат потрошени онлајн со 11% од таблети и 27% од паметните телефони.

Слични содржини