Онлајн наставата во Тетово и Гостивар продолжува

од Берта Китинска
169 прегледи

Наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар ќе продолжи да се изведува онлајн до 20 септември, наместо до 14, како што беше планирано со претходната одлука, одлучи Владата.

Поради влошената ситуација со пандемијата во овие градови, владата претходно донесе одлука наставата да се организира онлајн во траење од 14 дена, додека онлајн настава имаше и во Кичево и Струга, во траење од 7 дена.

Слични содржини