Опасен метод го уништува коронавирусот, но носи огромен ризик по човековото здравје

од Nikola Popovski
117 прегледи

Ултравиолетовото гермицидно зрачење претставено од Американскиот центар за контрола на болести (CDC) предизвика голем јавен интерес за време на пандемијата.

Веќе се користи во некои болници за дезинфекција на загадени површини – во операционите простории или лабораториите, но експертите посочуваат дека УВ-ламбите никогаш не треба да се користат за стерилизирање на рацете или кожата, бидејќи тие можат да предизвикаат иритација.

Рон Хофман, инженер за животна средина на Универзитетот во Торонто, истакнува дека луѓето повеќе од еден век дезинфицираат работи со УВ зраци и дека постојат докази дека УВ може да ги оштети аминокиселините и протеините кои или го штитат вирусот или дозволуваат да се врзува и да ја зарази клетката на домаќинот.

Сепак, луѓето не треба да дезинфицираат на овој начин. Според експертите, може да има страшно оштетување на кожата и очите за кои не би знаеле сè додека не биде доцна.

https://twitter.com/soliton_rap/status/1250424303348113419?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1250424303348113419&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.srbijadanas.com%2Fvesti%2Fsvet%2Fopasna-metoda-unistava-korone-ubija-virus-ali-donosi-ogroman-rizik-po-ljudsko-zdravlje-2020-04-15

„Можете дури и да го изгубите видот целосно“, рече Џим Мели, инженер за животна средина на Универзитетот во Њу Хемпшир.

Современите уреди, патем, доаѓаат во многу големини и форми – некои многу слични на мобилните телефони, но исто толку моќни како и оние со големина на автомобили. Во странски земји, некои болници користат еден кој наликува на „канта за ѓубре“ и се „пуштаат во употреба“ веднаш откако пациентот ќе ја напушти собата. Во Шангај, градскиот превоз, наводно, се дезинфирцира со овие зраци, за да се застане на патот на Ковид-19. Сепак, никој сè уште не сфатил дали е можно успешно да се дезинфицираат заштитните маски со УВ ламби, како и друга заштитна опрема за време на борбата против коронавирусот.