Опожарени три возила во Аеродром

од desk2

Три возила изгореле синоќа на улицата „23 Октомври“, поранешна „Владимир Комаров“, во скопската населба Аеродром, информираше денеска МВР.

Оттаму велат дека засега не се познати причините за опожарувањето на возилата.

Случајот бил пријавен околу 22 часот, а опожарени се „фолксваген шаран“, сопственост на 33-годишниот А.Б., „пежо 308“, сопственост на А.Н., и „форд фиеста“, сопственост на 76-годишниот А.Ј., сите со скопски регистарски ознаки.

Пожарите во возилата биле изгаснати од екипа на скопската противпожарха бригада.

Увид на местото ќе се врши денеска, велат од МВР.

Слични содржини