Опожарено „рено клио“ со украдени таблички во Чаир

од Nikola Popovski

Синоќа околу 9 часот дошло до опожарување на патничко возило „рено клио” на подрачјето на Чаир.

Според полицијата, автомобилот имал скопски регистарски ознаки, чии таблички претходно биле пријавени за одземени од патничко возило „алфа” сопственост на Н.С. од Скопје.

-Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.

Слични содржини