Опозицијата „брка“ потписи, а законот за попис е на чекор од усвојување

Вчера од владејачката СДСМ, посочија дека со еден успешен попис можат да добијат и граѓаните и државата, додека пак, од друга страна ВМРО ДПМНЕ уште еднаш повтори дека ќе собира потписи со цел да го поништи носењето на законот.

„По шест изборни порази можеме да разбереме дека Мицкоски има страв од граѓаните, но не треба да се плаши, на пописот не се гласа, тоа не се избори, тоа е статистичка операција. Доста се неразумни блокади, кочења, полиризација. Успешниот попис Мицкоски може да го смета за уште еден негов пораз, но пописот не се избори таму нема губитници и победници. Со успешен попис, добиваат граѓаните“, добива државата, изјави Васев од СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ пак истакнаа дека подготвуваат документи, кои треба да се поднесат до Министерството за правда за да може да се спроведе акцијата за собирање потписи на терен, но, како што рече партискиот портпарол Наум Стоиловски, до тоа може и да не дојде ако власта се повлече од носење ваков закон.

Собранието завчера по три дена ја заврши расправата по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, согласно кој по 19 години земјава годинава треба да ја изврши оваа статистичка операција. По Предлог – законот, како што најави е најавено, ќе се гласа на продолжение на оваа седница, кое ќе биде дополнително закажано.

Слични содржини