Демократската левичарска опозициска кандидатка Муамер Ајдин објави дека се повлекува од учеството во реизборот во Истанбул , објави Ројтерс.

Агенцијата коментираше дека опозицијата се обедини околу еден кандидат во Истанбул против турскиот претседател Реџеп Ердоган. До прегласувањето на изборите за градоначалник се дојде откако централната изборна комисија под  притисокот на Ердоган и на 6 мај ја  поништи победата на Екрем Имамоглу на градоначалничките избори против владиниот кандидат Бинали Јелдрем.

Екрем Имамоглу победи на локалните избори на 31-ви март, како кандидат на опозициската Републиканска партија. Но, неговата предност беше мала.

Овој избор беше осуден од Ердоган како “измама”, а гласањето во Истанбул беше погрешно и корумпирано и потребни се нови избори.

Партијата на Ердоган загуби уште два големи градови – главниот град Анкара и Измир . Но, на национално ниво, Партијата за правда и развој освои победа.