40
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан ја повика Европската унија да започне директни преговори со Русија за Украина, објавија денеска медиумите во земјата.
Според унгарските медиуми, Орбан му испратил писмо на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, преку кое се изјаснил против напорите на земјите од ЕУ да најдат каков било консензус во врска со Украина, нагласувајќи дека е неопхдно да има прекин на огнот.
Орбан го испратил писмото откако Брисел испратил нацрт-заклучоци за престојниот самит на лидерите на ЕУ.