Орбан: Унгарија ќе ги заштити традиционалните семејства и ќе го запре демографскиот пад

од Марта Пешевска
93 прегледи

Орбан е амбициозен да се справи со демографската криза.

Унгарската влада ќе преземе чекори за запирање на демографскиот пад, а потоа ќе го смени трендот до 2030 година, рече премиерот Виктор Орбан. Тој ја обвини либералната демократија дека не успеала да ја спречи миграцијата, да ја заштити христијанската култура или да го зајакне традиционалното семејство на маж и жена, соопшти БНР.

Според Орбан, периодот до 2030 година во Унгарија и Европа мора да се определи со модернизирана идеја за христијанска демократија. “Христијанската демократија нè одвраќа од миграција, ги штити границите, го поддржува традиционалниот семеен модел меѓу мажот и жената и смета дека заштитата на нашата христијанска култура е природна”, рече Орбан во интервју за Националното радио.

Прочети още на: http://bgnes.com/sviat/evropa/4587914/