Органзирање настани на отворено и затворено, предвидуваат новите ковид мерки

од Берта Китинска
153 прегледи

Утрово министерот за здравство Венко Филипче по одржаниот состанок со Комисијата за заразни болести информираше дека тие до Главниот кооординативен кризен штаб ќе поднесат неколку предлози со цел да се олабават мерките.

Се препорачува:

„Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24 часот до 05 часот наутро. Угостителските објекти да работат до 23:30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните. Органзирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет. Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група. Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори“.

Пред неколку дена министерот за здравство информираше дека ќе има попуштање на мерките доколку трендот на заразени се намалува и во текот на наредниот период.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.

Слични содржини