Оригинален Божиќен подарок за деверот: Еве како Меган го насмеа принцот Вилијам!

од Берта Китинска

Војвотката од Сасекс има оригинални идеи Меган Маркл е позната по тоа што ги израдува членовите на кралското семејство со оригинални подароци за Божиќ.

Приказната за хрчакот играча што и ја подари на кралицата Елизабета стана планетарно популарна, а сега кралските биографи Омид Скоби и Каролин Дјуранд го открија она што некогаш му го подари на принцот Вилијам.

„Нејзиниот најголем предизвик беше да најде совршени подароци што ќе го забавуваат нејзиното ново пошироко семејство“, напишале кралските биографи во книгата, пренесува Мирор.

Таа на Вилијам му има подарено лажица на која има изграфирана житарка.

Судејќи според пораката од лажицата, братот на принцот Хари очигледно обожава да јаде житарки за појадок.

За жал, годинава нема да има такви настани. Покрај тоа што Хари и Меган го започнаа својот живот во Америка, а пандемијата на ковид ја  наруши семејната традиција.

Слични содржини