Осака навредувана од навивач, плачеше речиси цел натпревар, одржа и говор (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Наоми Осака во солзи го заврши мечот на Индијан Велс, откако навивач ја навредуваше и малтретираше.

Во раната фаза од натпреварот се слушаа извици од трибините кои целосно ја исфрлија Осака од чекор.

Таа го загуби мечот со 6:0, 6:4 од Вероника Кудерметова, а веќе во вториот гем при 1:0 за Русинката се слушаа извици: „Наоми, ти си с*ање“.

Настана гужва, други гледачи бараа провокаторот да биде исфрлен од трибините.

Осака потоа и пријде на судијата барајќи нешто да се преземе, но и беше дадено објаснување дека не знае кој го направил тоа и затоа не може да реагира.

Осака се врати во мечот и го освои следниот гем, имаше дури и две брејк можности, но Кудерметова се врати за водство од 2-0 во гемови.

Додека Осака се подготвуваше да сервира за следниот гем, таа беше во солзи, а откако повторно доживеа брејк за 0:3, разговараше со надлежните.

Иако повеќето од разговорите не можеа да се слушнат на преносот, надзорникот му рекол на судијата: „Ако ова се повтори, ќе го најдеме“.

Осака беше целосно вон ритам и на крајот доживеа пораз, по што во солзи и се обрати на публиката која сакаше да и даде поддршка и да се огради од провокаторот.

Осака отворено проговори за своите психички проблеми и борбата против депресијата, а една обожавателка решила да ја злоупотреби и да ја продлабочи кризата.

Слични содржини