Осака со една цел: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

од Nikola Popovski
304 прегледи

Јапонската тенисерка Наоми Осака имаше турбулентна 2021 година кога се соочи со психички проблеми, но најави дека новата година ќе и биде многу подобра.

Осака се врати на теренот по четиримесечна пауза со освојување на турнирот во Мелбурн. Таа во мечот од шеснаесетфиналето беше подобра од Ализ Корне со 2:1 во сетови, а оваа сезона има нешто поразлични цели од вообичаените.

„Имам само една цел и тоа нема никаква врска со резултатите“, рече Наоми, додавајќи:

„Сакам да се забавувам секогаш кога излегувам на теренот. Дури и кога губам, сакам да знам дека дадов се од себе. Исто така, целта ми е никогаш повеќе да не плачам за време на прес-конференции. Јас сум таков тип на човек, премногу се грижев за резултатите и рангирањето на ВТА листата. Треба повторно да уживам во играта“.

Осака моментално е 13-то пласирана во светот, а минатата сезона го освои Австралија опен, по што следеше многу тежок период за Јапонката.

Осака се повлече од Ролан Гарос, го пропушти Вимблдон, плачеше на прес-конференција за медиуми во Синсинати и стигна до третото коло на Олимписките игри и УС Опен.

Слични содржини