Осака застана пред камерите за прв пат од мај и заплака поради прашање на новинар

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Една од најдобрите тенисерки во светот, Наоми Осака, денес ја одржа својата прва прес -конференција од мај, кога се повлече од Ролан Гарос. Јапонката тогаш рече дека и треба мир, и пред да се повлече од турнирот, побара да не зборува со медиумите по цена на казна.

Таа се појави денеска на прес -конференција, но се расплака по првото сериозно прашање. Еден од претставниците на медиумите ја праша Осака како го извлекува најдоброто од тоа што е добро позната медиумска личност, без да сака да зборува со новинари.

Тенисерката во тој момент се почувствува навредена, па заплака и откако ги избриша солзите со ракавот, ја напушти конференцијата. По кратка пауза, таа се врати во салата, каде што го заврши интервјуто, но со малку поинаков тон.

Нејзиниот агент го нападна новинарот по конференцијата, тврдејќи дека не смее да се однесува вака со неа.

– Тој силеџија од „Синсинати инквајер“ е буквално олицетворение зошто тенисерите и медиумите имаат нестабилни односи. Сите ќе се согласат дека неговиот тон беше целосно погрешен и дека единствена цел му беше да провоцира. Срамно однесување. И фактот дека на Осака најмногу може да и се заблагодари за популарноста поради она што се случува надвор од теренот … Ве молам, не бидете толку површни – рече Стјуарт Дугид.

Слични содржини