185
На службениот профил на Инстаграм на војводата и војвотката од Сасекс, односно принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, осамна досега невидена фотографија.
На неа 38-годишната Меган спонтано се смее додека се наоѓа во друштво на неколку жени на снимањето за добротворната организација Smart Works.
Фотографијата е објавена во средина на фамилијарната драма која ја потресе британското кралско семејство откако Хари им оопшти дека божиќните празници нема да ги поминат со нив. Веста е и службено потврдена, а Меган, Хари и нивниот син Арчи ќе уживаат во Божиќот заедно со мајката на Меган, Дориа Регланд.