Ослободувањето на германскиот новинар најголем тест за германско – турските односи

од Vladimir Zorba
79 прегледи

 

Итното ослободување на новинарот Дениз Јучел кој има германско и турско државјанство а кој од февруари е во затвор во Турција е најголем тест за германско – турското пријателство, изјави државниот секретар во германското МНР Михаел Рот по средбата со германски дипломати со новинарот в затвор во Истанбул, јавуваат германските медиуми.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин новинарот на весникот „Ди Велт“ се соочува со 10,5 годишна затворска по обвиненија за поддршка на терористичка организација и ширење антитурска пропаганда. За германскиот дипломат без ослободувањето на германскиот државјанин нема добра иднина за односите меѓу Берлин и Анкара.

– Господинот Јучел со оглед на околностите се чувствува добро. Она што останува товар за него што тој е во самица, изјавил Рот во Истанбул каде изразил задоволство што турските власти дозволиле средба на германските дипломати со новинарот откако предходно неколку недели го одбивале тоа.

– Средбата со Јечел не може да биде крај за нас. Ова е еден голем тест за германско – турските односи и јас можам само да се надевам дека наскоро ќе дојдеме до задоволувачко решение наскоро, изјавил германскиот дипломат. Германија инсистира на ослободување на новинарот, е пораката на Рот кој пред новинарите во Истанбул ја осудил реториката на турската влада според која Германија и другите земји кои забранија митинзи за референдумот за уставните реформи се однесуваат како „нацистите на Хитлер“.

Почнувајќи од лани во јуни Германија и Турција имаа неколку сериозни конфликти кои придонесоа за повлекување на турскиот амабсадор во Берлин и забрана за германски политичари за посета на германските војници во НАТО базата во Инџирлик а како врв на вербалното непријателство дојде заканата од Анкара според која турските власти можат да го прекинат договорот ЕУ – Турција со кој околу три милиони сириски бегалци се спречени да тргнат кон Европа.