Османи: Добрите односи со Бугарија немаат алтернатива, ќе бараме решение

од Nikola Popovski

Добрите односи со Бугарија и европската перспектива на Македонија немаат алтернатива, вели во изјава за агенцијата БГНЕС, министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во однос на политичките прашања, според Османи, активно ќе се бара решение во следниот период.

-Како што знаете, Македонија беше конструктивната страна за изнаоѓање решение. Во следниот период очекуваме кога ќе се формира владата во Бугарија да почнат разговорите и мислам дека во декември има добри шанси да се најде решение, бидејќи немаме друга алтернатива освен добрососедски односи со Бугарија, рече шефот на македонската дипломатија.

За повредените во вчерашната автобуска несреќа на автопатот Струма и на кои им е укажана помош во софиската болница „Пирогов“, Османи вели дека се во добра здравствена состојба.

-Денеска беа извршени неколку операции, но во петок очекуваме најмалку двајца од нив да бидат пуштени на домашно лекување, изјави Османи.

Слични содржини