Османи: Додека одлуките за проширување се носат со консензус, Бугарија може да не блокира за реката Вардар дали е чиста

од Vladimir Zorba

Се додека одлуките за проширување се носат со консензус Бугарија може да не блокира за кое било прашање, за прашањето за реката Вардар дали е чиста или не може да најде причина и да не блокира, особено сега со новата методологија кога повеќе моќ е дадена на земјите членки на сметка на комисијата, плус и процесот има можност за реверзибилност тие може да го блокираат кога сакаат, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за РСЕ.

„Ние сме калкулирале и таа можност ја имаат 200 пати во тек на процесот. Сакам граѓаните да бидат уверени ништо нема да правиме на брзање, сосема сме свесни кои се интересите на граѓаните, кои се очекувањата на граѓаните, но исто така сме свесни колку е важно за нив членството во Европската унија. Ако има еден позитивен колатерален ефект од оваа блокада е дека граѓаните се сплотија во солидаризирање во случајот кон македонскиот народ бидејќи на некој начин под директен атак се неговите национални атрибути и тука се покажа вистинската слика на Република Северна Македонија за која што треба да се гордееме“, посочува Османи.

Слични содржини