ДУИ е заштитник на Рамковниот договор, Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, тоа е општо познато. Ние сме сега фокусирани да им презентираме на граѓаните што нудиме, а не на коалиции, рече вицпермиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.
Тој обвини дека постоеле непринципиелни коалиции за одржување на политичката сцена, додавајќи дека и двете македонски партии барале 61 пратеник за да не биле уценувани од страна на ДУИ, што според него било само предизборна игра.
„ДУИ е партија која има најмногу остварено од својата програма, затоа ја очекуваме најголемата победа досега“, рече Османи.
Портпаролот на ДУИ вели дека нивната партија покажала дека работи за државните интереси, додавајќи дека во периодот кога биле влошени односите со Грција, тие како партија разговарале со соседната земја убедувајќи ги грчките власти дека може да се дојде до решение.
Според Османи, меѓународната заедница била целосно запознаена со заложбите на ДУИ за државата да остане на евроатлантскиот пат.
Во однос на кршењето на двојазични табли, тој посочи дека доколку општината покрива најмалку една општина во која се зборува јазик согласно Законот за јазици, тогаш треба да има двојазични табли, посочувајќи дека во Велес тоа е Чашка, а во Прилеп тоа е Долнени.