Османи: Имаше добар одзив, луѓето беа охрабрени од мирниот процес

од Nikola Popovski
250 прегледи

Генералниот секретар на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи за емисијата на ТВ Телма изјави дека граѓаните беа охрабрени од мирниот тек на процесот и затоа денеска излегле на некои избирачки места.

На прашањето зошто во Чаир и Сарај гласачите не беа доволно мотивирани да излезат да гласаат, Османи истакна дека имало поларизација на изборната сцена.

-Немам точна информација за излезноста, но имаше добар одзив помалку или повеќе, потенцира Османи.

Османи упати „честитка за вистинска победа на сите нас, на граѓаните, на институциите, на сите нас кои учествувавме во изборниот процес“.

-Одлуката на гласачите е информирана, автентична и политички целосно легитимна. Им честитам на сите избрани претставници на локалната власт. Имавме навистина успешни избори. Северна Македонија потврди дека е зрела демократија, земја која не случајно е членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија, рече Османи.

 

Слични содржини