Османи ќе бара проактивно да се вклучиме во прифаќањето бегалци од Украина

од Nikola Popovski

Јас очекувам да утврдиме и ќе предложам на Влада ние проактивно да бараме одредена бројка на бегалци, за да им помогнеме на земјите кои се преоптоварени. Не мислам дека треба да добиеме надвор од можностите, но одредена бројка, дали од Молдавија бидејќи таму има поголема бројка, дали од друга земја, бидејќи веќе се создаваат т.н. „хабови“ на бегалци. Германија и Полска се таков „хаб“ во кој што доаѓаат сите и после земјите бараат дел од нив да ги преземат. Ние уште не сме го побарале тоа, иако донесовме одлука дека секој што ќе дојде на наша граница ќе биде згрижен, вели шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи на брифинг со новинарите.

Според него, треба да одиме чекор повеќе.

-Не планирав ова да го кажам сега, туку на Влада во вторник дека треба да утврдиме бројка на која што ќе им кажеме пријателите од соседството на Украина дека и ние ќе преземеме дел од нивниот товар. Солидарноста во вакви услови е навистина важно, информира Османи.

Османи додаде дека досега ниту еден државјанин кој дошол од Украина во земјава, не побарал статус на бегалец на самата граница.

-Официјално ние засега немаме бегалци, појасни министерот.

Слични содржини